На 07.09.2019 година делегација на ИПА Регион Штип присуствуваше на VI-тите Традиционални Косметски средби во организација на ИПА Регион Косовско Поморавје, Национална секција Србија, кои се одржаа на Власинско езеро.
На средбата се одржаа и спортски натпревари во кои активно учествуваа членови на ИПА Регион Штип и освоија II-ро место во дисциплината пикадо и III-то место екипно во дисциплината тактичко стрелање.
Во рамките на настанот беа разменети искуства и идеи за соработка во иднина.
На средбата присуствуваа и делегации од ИПА Секција Русија, Регион Калинград, ИПА Црна Гора, ИПА Романија, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Хрватска, ИПА Регион Ниш и ИПА Регион Врање.

SERVO PER AMIKECO

 

 

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *