Во периодот од 19-21.05.2023 година по покана од ИПА Бугарија, делегација од ИПА Македонија во состав Претседателот Робертино Ацески и членови на НУО и Претседатели на регион Штип Владо Петров и регион Струмица Васил Тодоров, присуствуваа на изборното Собрание на Бугарска ИПА секција одржана во просториите на МВР на Софија. Реизбран е актуелниот Претседател Огнен Богоев, Генерален Секретар Десислава Петрова и нов УО.
На 20.05 беше организирана прошетка на гостите од секциите Австрија, Црна Гора, Израел, Србија, Романија, Грција и Албанија во градот Перник.
Во чест на новиот УО беше организирана гала вечера во хотел Грами Софија каде беа сместени сите гости.
Честитки и успех на новиот УО на ИПА Бугарија!