Во организација на ИПА Регион Струмица на ден 26.10.2024 година успешно беше реализиран вториот турнир во стрелаштво „ИПА Мегдан 2024„ на локација на лиценцираниот стрелачки центар „Мегдан„-с.Попчево, Општина Струмица. На истиот присуствуваше претседателот на ИПА Македонија – г-дин.Игно Стојков како и учесници и гости од ИПА Скопје, ИПА Охрид, ИПА Куманово, ИПА Штип, ИПА Тиквеш-Повардарие, ИПА Струмица и ИПА Црна Гора. Како гости на турнирот присуствуваа и претставници на Македонската спортска стрелачка федерација предводена од претседателот г-дин.Јордан Тасевски. На отварањето на турнирот ИПА Регион Струмица и Стрелачкиот центар „Мегдан„ потпишаа Меморандум за соработка во организацијата на овој традиционален турнир како и договор за деловна соработка со кој што на ИПА членовите им се овозможува бесплатен влез на стрелиштето и мета.

Во натпреварувачкиот дел на турнирот учество зедоа вкупно 36 пријавени учесници при што беа постигнати следните резултати:

Категорија – пиштол:

  • Прво место – Велибор Балоски – ИПА Охрид
  • Второ место – Игорчо Коцев – ИПА Струмица
  • Трето место – Слободан Поповиќ – ИПА Црна Гора

Категорија – Трап:

  • Прво место – Ѓорги Костуранов – ИПА Струмица
  • Второ место – Васе Русуманов – ИПА Струмица
  • Трето место – Ѓорги Божинов – ИПА Струмица

Категорија – Малокалибарска пушка:

  • Прво место – Ивица Цветковски – ИПА Скопје
  • Второ место – Никола Крстев – ИПА Струмица
  • Трето место – Слободан Милчов – ИПА Струмица

На победниците по категории им беа врачени дипломи, пехари, медали и други пригодни подароци . Целиот настан помина во духот на принципите на ИПА, во позитивна атмосфера и дружење како на стрелачкиот центар „Мегдан„ така и на свечената вечера организирана по повод свеченото прогласување на победниците. Турнирот од присутните стручни лица беше оценет со највисоки оценки како од безбедносен така и од организациски аспект со желба истиот во наредната година да добие и поголема меѓународна димензија.

ИПА Регион Струмица им се заблагодарува на сите ИПА пријатели и останати покровители кои несебично го помогнаа успешното организирање на овој турнир.

ГАЛЕРИЈА

 

Please follow and like us: