На ден 04.11.2023 година, по претходно донесена Одлука, одржана е редовна годишна седница на Собрание на ИПА Регион Куманово, на која што присаствуваа вкупно 18 делегати/набљудувачи од странство и тоа 4 од ИПА ВИП Клуб Алба Јулиа од Романија, 4 од ИПА Лесковац и 5 ИПА Косовско Поморавље од Р.Србија, 4 ИПА Добој од Р.Босна и Херцеговина како, и 1 претставник од ИПА Израел (ИПА Хаифа), како и Игно Стојков – Претседател на ИПА Оддел Македонија, делегати/претставници на ИПА Оддел Македонија, ИПА Скопје, ИПА Прилеп и ИПА Штип, како и делегати од организациони работни единици и членови на клубови и комисии на ИПА Регион Куманово.
Во свечениот дел од настанот, помеѓу Горан Маневски – Претседател на ИПА Регион Куманово и Стефан Дуру – Претседател на ИПА ВИП Клуб Алба Јулиа од Романија беше потпишан Меморандум за соработка.
На Добри Стојановиќ – Претседател на ИПА Регија Косовско Поморавље, заради особен придонес во подобрување и развој на меѓународни односи на ИПА Регион Куманово, му беше врачена Специјална Благодарница.
Во работниот дел од настанот, беа разгледани и усвоени повеќе акти и одлуки кои што се битни за понатамошно успешно и непречено функционирање на регионот, како што се Барање за разрешување од функција на претходниот Претседател на Надзорниот Одбор, Избор на нов претседател и член на Надзорниот Одбор, Извештајот за работа за претходната година и Планот за работа за наредната година.