На ден 22.04.2020 год. во просториите на Министерот за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка и спроведување на заеднички цели и активности помеѓу ИПА Македонија и Министерство за внатрешни работи. Меморандумот го потпишаа Претседателот на ИПА Македонија Робертино Ацески и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Меморандумот предвидува можност за заедничко учество на домашни и меѓународни активности, како и акции за подигање на јавната свест, а во насока на исполнување на програмските и стратешки цели и определби на МВР. Со овој Меморандум се унапредува и функционирањето и на ИПА Македонија во повеќе сегменти, пред се бидејќи е договорено и взаемно користење на постоечките капацитети на двете страни.
Истовремено Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев стана и член на ИПА Македонија.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *