На ден 17.05.2019 година , се одржи состанок на управниот одбор на ИПА Регион Тетово , каде што на дневниот ред беше дискутирано за идни активности кои би ги организирале како ИПА Регион Тетово , како и годишниот извештај за работата на 2018 година и усвојување на финансискиот извештај за 2018 година , исто така беше дискутирано за планот и програмата за работа на ИПА Регион Тетово за 2019 година каде што се дадоја повеќе предлози за активности кои би ги организирале во наредниот период и истата беше усвоена од страна на пристатните членови , измени и надополнување на членови на надзорниот одбор и комисии на ИПА Регион Тетово каде што како потпретседател беше едногласно изгласан Горан Серафимоски , за секретар на ИПА Регион Тетово едногласно беше изгласан Ѓорѓи Кочовски , и за член на управниот одбор едногласно беше изгласан Зоран Талев , и исто така присатните се запознаја и го усвојија на новиот статут на ИПА Македонија .

Исто така од страна на претседателот на ИПА Регион Тетово , Шефик Бајрами беа поделени благодарници за досегашното залагање и помагање и за даден свој допринос на членови на ИПА Регион Тетово како и на партнери на ИПА Регион Тетово .

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *