Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели, на ден 14.04.2019 год. во просториите на МКЦ со почеток од 12 часот се одржа осмото Генерално Собрание на ИПА Македонија. На Собранието присуствуваа 25 делегати со право на глас. Предложениот дневен ред беше едногласно изгласан и во однос на точките беа донесени следните заклучоци:

1. Презентирани се и усвоени се извештајот за работа на Здружението за 2018 год. и завршната финансиска сметка;
2. Презентирани се и усвоени планот за работа на Здружението за 2019 год.
3. Беа презентирани предлозите за промена на Статутот, по поопсежна дебата и одредени корекции беше усвоен корегираниот Статут;
4. Известување за работата на УО на Секцијата и по предлог на Претседателот беа направени промени и соодветно пополнување на УО. Со самото усвојување на променетиот Статут, УО се прошири на 15 члена и тоа:

Претседател:
Робертино Ацески
Потпретседател:
Нухи Незири
Генерален Секретар:
Јасмина Галевска
Делегат на Здружението – претставник на конгресот на ИПА:
Љубчо Андоновски
Благајник:
Горјан Ристески
Заменик Генерален секретар:
Душан Јованов
Претседатели на ИПА Региони:
Игно Стојков – ИПА Скопје
Горан Маневски – ИПА Куманово
Климе Ивановски – ИПА Велес
Владо Петров – ИПА Штип
Стефан Димоски – ИПА Охрид
Шефик Бајрами – ИПА Тетово
Зоран Велкоски – ИПА Прилеп
Васил Тодоров  – ИПА Струмица
Сашо Митевски – ИПА Битола

5. По предлози, дискусии и заклучоци се одредија политиките на Здружението за настап на внатрешен и надворешен план.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *