Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели, Ве известуваме дека на покана на ИПА Кипар делегација на ИПА Македонија претставувана од членови на УО на ИПА Регион Штип, Соња Спасова Арсовска – Генерален секретар и Викторија Ивановска – Благајник, во периодот од 21-24 октомври 2021 година, учествуваше на 38-ми Национален конгрес на ИПА Кипар кој се одржа во Никозија. На 23 октомври 2021 година, се одржа Националниот конгрес, на кој свое обраќање имаше Претседателот на ИПА Кипар, Директорот на Полицијата на Кипар, како и официјалните претставници на присутните делегации.
Ја користиме оваа прилика да упатиме голема благодарност до Претседателот на ИПА Кипар, г-дин Demetris Demetriou, Генералниот секретар Kyriakos Pericleous, членовите на Управниот одбор како и до сите членови на ИПА Кипар, за гостопримството и одличната дружба.
Исто така, од страна на ИПА Кипар беше организирана посета на локалитети од историско и културно значење за државата како што се The Imprisoned Gaves, The Tomb Makedonitissa Kykkos Monastery, Throni, Kakopetria village, Nicosia Old Town, Ledra Observatory-Ledra Checkpoint, а исто така беше организиран прием кај Владиката на православната црква на Кипар.
Во рамките на Конгресот беа остварени средби со претставници на ИПА Австрија, ИПА Обединето Кралство, ИПА Израел, ИПА Полска, ИПА Романија, ИПА Ирска, ИПА Грција и ИПА Хрватска.

Servo Per Amikeco

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *