МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА И СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ЛОКАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО КОНТЕКСТ НА СОВРЕМЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ”
Согласно целите на Интернационалната полициска асоцијација на иницијатива на ИПА Регион Струмица со поддршка на Националната секција на ИПА Македонија а во соработка со Асоцијација за корпоративна безбедност- Скопје и Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир-Скопје на ден 16/17.10.2020 година се одржа Меѓународна научна и стручна конференција на тема “Локалната безбедност во контекст на современите безбедносни ризици и закани”. На конференцијата присуствуваа делегации на ИПА Регион Штип и на ИПА Регион Скопје кои со своето присуство и учество придонесоа во успешна реализација на настанот.
Во рамките на конференцијата беа презентирани трудови од страна на професори, истражувачи и стручни лица за предизвиците со кои се соочуваат припадниците на безбедносните институции и локалната заедница, за справување со ризиците од верски екстремизам и радикализација, повратниците од странски војски како кривично дело и извор на закана, за новите безбедносни предизвици кои се поврзани со појавата и користењето на компјутерот и интернетот, мигрантската криза и тероризмот како и за пандемијата со Ковид 19 и нејзините импликации врз глобалната и локалната безбедност.
Со цел развој и унапредување на научната мисла во областа на безбедноста, размена на искуства и професионални практики предложени се релевантни и практични решенија за подобрување на капацитетите на локалната заедница и безбедносните институции кои ќе влијаат на зголемување на безбедноста во заедницата, подобрување на капацитетите во справувањето со големиот мигрантски бран во услови на пандемијата и нормално функционирање на државата под посебни здравствени и безбедносни протоколи.
На 17.10.2020 година за присутните членови од страна на организаторот беше организирана посета на Колешински водопади, с. Колешино.
При реализација на настанот во целост беа почитувани здравствените протоколи и мерките и препораките на Владата во врска со COVID 19.
SERVO PER AMIKECO