Во периодот од 13.06.2019 до 16.06.2019 година во организација на ИПА Регион Скопје се одржа III Меѓународна ИПА средба Скопје 2019 под мотото “Полицаец – Горда професија” на која зедоа учество претставници на ИПА од регионот и се реализирани повеќе активности.
На 15.06.2019 година свечено е пуштен во употреба ИПА ИНФО ЦЕНТАР на ИПА Регион Скопје од страна на Претседателот на ИПА Македонија Робертино Ацески, Претседателот на ИПА Регион Скопје и Генералниот секретар на ИПА Регион Скопје.
Во рамки на III Меѓународна ИПА средба Скопје 2019 на ден 15.06.2019 година, во Ресторан “Розенберг” во Скопје се одржа свечена вечера на која присуствуваше делегација од 13 члена од ИПА Регион Штип.
На средбата се остварија контакти со делегациите од ИПА регионите од земјата, како и од другите држави со кои беа разменети искуства околу функционирањето на организацијата и можностите за соработка во иднина.
SERVO PER AMIKECO

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *