Екипа на ИПА Регион Скопје во состав: Васко Трпески, Ѓокица Ѓорѓиевски, Сашо Стојевски, Маријанчо Теновски и Виктор Славески во периодот од 03-05.06.2023 година учествуваа на натпревар во стрелаштво со пиштол Glock 19 калибар 9мм во Темишвар Романија во организација на збратимениот Регион ИПА Темишвар од Романија.
На натпреварот каде учествуваа повеќе од 60 натпреварувачи односно 17 екипи од 4 држави,членот на екипата на ИПА Скопје, Ѓокица Ѓорѓиевски освои 3-то место во поединечна конкуренција.
Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на домаќините за одлична организација и им посакуваме уште многу успеси во иднина.
Please follow and like us: