Почитувани ИПА членови, ИПА пријатели и колеги, Ве известуваме дека на ден 11.04.2024 година ИПА Регион Скопје организира отворена трибина посветена на кардиоваскуларните заболувања.
📍 Локација Арена Јане Сандански – Мала сала, нас. Аеродром, Скопје.
🕕 Почеток во 18.00 часот.
Гости и предавачи на трибината ќе бидат
– доктор на медицина специјалист, интернист, интервентен кардиолог Горан Манојлоски- НАШ ПОЧИТУВАН ИПА ЧЛЕН и
– доктор специјалист, медицина на трудот Илчо Ефкоски.
Сите наши ИПА членови од Скопје и другите ИПА Региони се поканети, а ја користиме оваа прилика да ги поканиме и сите оние наши колеги, сегашни, поранешни и пензионирани кои би сакале да станат наши членови.
Повелете, Ве очекуваме во што поголем број.