Во рамките на претстојниот настан „Мартин Петковски 2024„ традиционално како во секоја прилика до сега а во согласност со основниот принцип на ИПА „Servo per amikeco – Во служба преку пријателство„ денес (31.01.2024 година) ИПА Регион Куманово потпиша Меморандум за соработка со Ј.О. О.У.Ч. „Професор Мијалковиќ„ од Куманово.
Меморандумот за соработка во име на ИПА Регион Куманово го потпиша претседателот Горан Маневски а во име на Ј.О. О.У.Ч. „Професор Мијалковиќ директорка Љубица Павловски.
Со меморандумот за соработка утврдено е дека постои взаемен интерес за остварување на заедничка долгорочна образовна, спортска, кутурна и безбедносна апликативна соработка.
Во таа прилика а во рамки на предвидената агенда и следејќи ја досегашната традиција, од страна на ИПА Регион Куманово на Ј.О. О.У.Ч. „Професор Мијалковиќ„ беше редонирана претходно примената донација од страна на нашиот долгогодишен ИПА пријател и подржувач „Арис Деграс„ ДООЕЛ од Куманово, а која што донација се состои од средства за одржување на лична и колективна хигиена .