Почитувани ИПА членови, ИПА пријатели и колеги, Ве известуваме дека на ден 13.01.2024 година ИПА Регион Скопје и ИПА Македонија во соработка со наши ИПА Партнери организираат голем ИПА Новогодишен Детски Хепенинг.
Локација Арена Јане Сандански нас. Аеродром, Скопје.
Време 10.00-18.00 часот.
Гости многу познати ѕвезди од естрадата, водители, ДЈ , ликови од цртани филмови, Дедо Мраз и секако многу други изненадувања за најмладите, децата и внуците на нашите ИПА членови
Сите наши ИПА членови од Скопје и другите ИПА Региони се поканети, а ја користиме оваа прилика да ги поканиме и сите оние наши колеги, сегашни, поранешни и пензионирани кои би сакале да станат наши членови .
Ваша обврска е да понесете важечка ИПА картичка а за се друго ќе се погрижиме ние.
Повелете, Ве очекуваме во што поголем број .
Please follow and like us: