ПРОГРАМА
Програма за работа на Здружението ИПА – Македонија за 2011 година
На одржаното Оснивачко Собрание на Здружението ИПА – Македонија, одржано на 22.08.2011 година, беше предложена и усвоена програмата за работа на Здружението за 2011 година. Надлежен за спроведување на програмските активности е извршниот орган на Здружението, Управниот Одбор.
Програмските активности се дадени по редослед во однос на нивниот приоритет и динамика на извршување, согласно целите и задачите, а се состојат од:
- Регистрирање на Здружението во Централниот Регистар на Р.Македонија и аплицирање за членство на Здружението во Меѓународното полициско Здружение.
- Креирање и отварање на Интернет страна на Здружението во најкраток временски период и информирање на јавноста за формирањето на Здружението, за неговите цели и задачи;
- Изработка на печатот и Амблемот на Здружението;
- Подготовка и изработка на пристапници за зачленување во Здружението, определување од Управниот Одбор на износот на годишната членарина, начинот на плаќање, обезбедување на членски легитимации, жиро-сметка;
- Формирање на Регионалните единици на Здружението и формирање на нивните Регионални управни органи и тела, на начин и постапка утврдена со Статутот на Здружението;
- Учество на Конгресот и во работењето на Меѓународното полициско здружение, воспоставување на првични контакти и соработка со сите национални оддели на Меѓународното здружение;
- Подготовка за свикување и одржување на Генерално Собрание, носење на правилници и други акти за регулирање на постапките и начинот на дејствување, согласно целите и задачите на Здружението.
Претседател на ИПА – Македонија
Љупчо Андоновски