ИПА ДРУЖЕЊЕ РАДОВИШ 06.07.2019 година

На 06.07.2019 година делегација од околу 20 членови на ИПА Регион Штип присуствуваше на еднодневно спортско – забавно ИПА дружење, организирано од страна на ИПА Регион Струмица, односно од страна на дел од членовите на ИПА во Радовиш. Во рамките на настанот беше посетен рудникот “Бучим” – Радовиш, при што членовите на ИПА беа примени од страна на менаџментот на рудникот и тоа од страна на ген.директор г-дин Васил Борутскиј и заменик ген.директор г-дин Николајчо Николов, од чија страна беше извршена презентација околу начинот на фунционирањето на рудникот, процесот на производство, реализираните активности и плановите за иднина. Рудникот “Бучим” оваа година одбележува 40 години постоење . Од страна на менаџментот и вработените во рудникот “Бучим” за сите присутни беше организирано разгледување на рудникот и презентација на целиот процес на производство на бакар. Во склоп на рудникот е и работната единица за производство на катоден бакар преку процесот на лужење кој претставува хидрометалуршка преработка на благородни метали, бакар, ураниум и др. метали. Преку ваква хидрометалуршка обработка на раствори во кои е присутен саканиот метал се добива скоро 100% чист метал. Од страна на инженерот Каранфилов беше кажано дека во светот постојат различни типови на лужење, а во рудникот “Бучим” се применува така нареченото купово лужење, кое се состои од големи површини на купови од руда и јаловина, покриени со специјални системи за оросување. Конкретно, во погонот за лужење при рудникот “Бучим”, со електролиза се добива катоден бакар со висок степен на чистота. Менаџментот особено внимава на заштитата и унапредувањето на животната средина, а воедно е и општествено одговорна компанија.
Во рамките на настанот беше организирана посета на манастирот “Св. Георги” во с. Ораовица. Во дворот на манастирот беа реализирани и спортските игри во следните дисциплини: пикадо, фрлање обрачи, влечење со јаже и фудбалче. Членовите на ИПА Регион Штип се натпреваруваа во сите дисциплини и притоа освоија I-во и III-то место во Пикадо, I-во, II-ро и III-то место во дисциплината Фрлање обрачи и II-ро место во дисциплината Влечење јаже. Од страна на организаторот им беа доделени Признанија за особен придонес во организацијата на настанот на Соња Спасова Арсовска – Генерален секретар на ИПА Регион Штип и Димче Аврамов – член на ИПА Регион Штип.
По завршувањето на спортските игри присутните членови остварија средба со Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов кој презентираше активности на општина Радовиш. Потоа членовите ја посетија црквата “Св. Троица” во Радовиш и имаа можност за прошетка низ Радовиш.
Дружењето продолжи во ресторан “Маг- Марг” во Радовиш каде присутните членовите на ИПА Регион Штип, ИПА Регион Скопје, ИПА Регион Битола, ИПА Регион Куманово и ИПА Струмица се забавуваа.

SERVO PER AMIKECO

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *