И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели,
Ве известуваме дека од страна на Управниот одбор на ИПА Регион Струмица донесена е одлука да на ден 20.11.2021 година, со почеток во 11 часот во хотел „Подгорски АН„-с.Колешино се одржи Годишно и изборно Собрание согласно одредбите од Статутот на ИПА Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани членови кои ги исполнуваат условите согласно Статутот своите кандидатури да ги достават до Изборната комисија при Националната секција.

НАПОМЕНА: При одржувањето на Изборното собрание ќе се почитуваат во целост мерките и протоколите во врска со COVID 19 донесени од страна на Владата ( Сл.весник бр.242 од 27.10.2021год. ), што значи сите присутни мора да поседуват сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2 односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19.

Управен одбор на ИПА Регион Струмица
Претседател на УО
Васил Тодоров

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *