Во период од 22-24.10.2021 година во градот Фулда се одржа годишно собрание на ИПА Германија кое воедно беше и изборно. На овој настан за нов Претседател е избран Оливер Хофман, човек со големо искуство, голем подржувач на ИПА вредностите и одличен пријател на ИПА Македонија. Му посакуваме големи успеси и многу успешни проекти, соработки и споделување на ИПА вредностите. Претставнци од ИПА Македонија беа присутни на самиот настан, предводени од Претседателот на ИПА Македонија, Робертино Ацески, Претседателот на ИПА Регион Скопје, Игно Стојков и благајникот на ИПА Регион Скопје, Орце Јовановски.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *