На ден 26.10.2024 година ИПА Регион Струмица го организира вториот турнир во стрелаштво „ИПА Мегдан 2024„ на локација на лиценцираниот стрелачки центар „Мегдан„-с.Попчево, Општина Струмица. На истиот е предвидено учество да земат членови на ИПА од ИПА регионите во Република Северна Македонија како и гости од странство со намера истиот во иднина да прерасне и во меѓународен традиционален турнир. Натпреварувачите ќе се натпреваруват во три категории и тоа:
- Пиштол
- Малокалибарска пушка
- Глинени голуби ( Трап )
За победниците по категории покрај пехарите се обезбедени и пригодни подароци.
Please follow and like us: