Втора меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба

Во периодот од 28.06.2017 до 02.07.2017 во Белград, Р. Србија, се одржа Втората меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуаа претставниците од Мото Клуб ИПА Македонија  во  состав: Дамјан Галевски, Љупчо Стојкоски, Васко Пачемски и Зоран Мирјаноски.

Средбата беше организирана од страна на ИПА Србија и Мото Клуб Безбедност од Србија (официјален мото клуб на ИПА Србија), а на истата присуствуваа и претставници од мото клубовите на ИПА Словенија, ИПА Хрватска, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Црна Гора и ИПА Србија, со кои претставниците на Мото Клубот ИПА Македонија разменија значајни искуства и имаа незаборавни моменти, дружења и заеднички извозени околу 700 км.

 

Средбата беше свечено отворена од Претседателот на ИПА Србија, д-р Небојша Пантелиќ и Претседателот на Мото Клуб Безбедност – Србија, Витомир Голушин, при што од домаќините беа поделени благодарници, а притоа и сите присутни меѓусебно разменија репрезентативни материјали.  

 

Во рамки на средбата присутните има прилика да го посетат градот Суботица, каде се направи обиколка на Паличко Езеро, Винарија Звонко Богдан и се посети ИПА куќата во Суботица каде Потпретседателот на ИПА Србија, Александар Рајновиќ ги пречека гостите. Од страна на Градоначалникот на Суботица беше отворена Градската куќа (Општинска Зграда) во која присутните имаа можност да се запознаат со историјата на градот и да уживаат во убавата архитектура.

Исто така, се реализираше посета на Виминацијум (Римски Град) и Смедеревска Тврдина, каде добредојде посака третиот Подпретседател на ИПА Србија, Перица Миловановиќ. 

 

На крајот од средбата кандидатурата на Мото Клуб ИПА Македонија за домаќин на следната  Трета меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба беше прифатена на задоволство на сите присутни ИПА членови од шесте држави.


03.01.2018