Донирана хуманитарна помош

ИПА регион Куманово во соработка со Општинска организација на Црвен крст Куманово , по повод „7 Мај„ ден на Полиција и „8 Мај„ ден на Црвен крст и Црвена полумесечина , по претходно успешно организирана и спроведена собирна акција на која беа дарувани и соберени пакети со храна , средства за лична хигиена и облека , (во која што активност претходно партиципираше и Гимназијата „Гоце Делчев„ од Куманово) , на ден 09.05.2018 година , во 18:00 часот , заеднички ја реализираа последната фаза од планираните активности , на начин што директно на терен , собраната хуманитарна помош беше ДОНИРАНА на 5 члено семејство од с.Доброшане ,  кое живее во многу тешки субстандарни услови а кое што беше претходно издифиренцирано од приоритетната листа од страна на О.О. на Ц.К. Куманово. 

 На лице место , од страна на членовите на ИПА Регион Куманово , беше спроведено кратко анкетирање на работните способности и можности на работно способните членови на посетеното загрозено семејство , при што како резултат на истото , воочена е реалана можност за дополнителна асистенција од страна на ИПА Регион Куманово , која што се состои од евентуална  реализација на можност за ВРАБОТУВАЊЕ на еден од членовите на посетеното семејство како работник во една од приватните фирми  - ИПА пријател во Куманово , што само по себе претставува и дополнително пружена реална помош која би дошла во оваа семејствово вид на редовен месечен личен доход. 

 „Во служба преку пријателство - Servo per Amikeco„


 

Хуманитарна собирна акција во соработка со Црвен Крст

ИПА Регион Куманово во содејство со Општинска Организација на Црвен Крст Куманово , а во рамките на ЗАЕДНИЧКО одбележување на празниците „7ми Мај„ (ден на македонската полиција) и „8ми Мај„ (Светски ден на црвениот крст) ,на ден 08.05.2018 година , со почеток во 18:00 часот , во просториите на О.О. на Ц.К. во Куманово , организираше и спроведе хуманитарна собирна акција во прехрамбени продукти ,  продукти за хигиена како и стари алишта , облека и обувки .

 За време на хуманитарната собирна акција , беа соберени и сортирани вкупно 2 (две) кутии со храна и прехрамбени продукти, 1 (една) кутија со средства за хигиена како и 2 (две) кутии со алишта  .

 По завршувањето на собирната акција , од страна на млади волонтери од клубот на млади од Општинската Организација на Црвен Крст Куманово, првин  беше изведена кратка презентација на активностите на Црвениот Крст а потоа беа изведени симулациски показни вежби во пружање на прва помош на повредени лица во случај на повреди здобиени од пожар -изгореници од II степен на раце , обилно крварање на надколеница и реанимација .

 Во погоренаведените активности , со свои делегирани членови , партиципираа и претставници од Гимназијата „Гоце Делчев„ од Куманово како и од Стрелачкиот клуб „Куманово 2000„.

 Собраната хуманитарна помош , согласно утврдената приоритетна листа на Општинската Организација на Црвен Крст Куманово , во нареден период ,  ке биде донирана на едно социјално загрозено семејство од Куманово .

 ИПА Регион Куманово , упатува Благодарност до сите учесници во хуманитарната акција, со посебна Благодарност до Организацијата на Црвен Крст Куманово.

 “Servo per Amikeco” (Во служба преку пријателство) .


 

 

Потпишан меморандум за соработка со Црвен Крст

 

 Поаѓајќи од основните статурани обврски на ИПА Македонија , кои што во прв ред се однесуваат на активности кон подобрувањето на имиџот на полицијата како и подобрување на односите помеѓу полицијата и заедницата , ИПА Регион Куманово - застапуван од Претседателот од една страна и Општинска Организација на Црвен Крст - Куманово , застапуван од Секретар , од друга страна , потпишаа Меморандум за соработка. 

  Со склучениот меморандум за соработка , ИПА Регион Куманово и Општинска Организација на Црвен Крст - Куманово , се спогодија дека постои взаемен интерес за остварување на соработка на повеќе полиња , која ќе се остварува преку разни активности ,  воглавном преку заеднички едукативни , спортски и хуманитарни проекти. 

  „Во служба преку пријателство - Servo per Amikeco„

 

 


 


Хуманитарна акција

 ИПА Регион Куманово во согласност со склучениот Меморандум за соработка со Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово , а во рамките на планираните манифестации за одбележување на „7ми Мај„ (ден на Македонската полиција) како и „4ти Мај„ (патронен празник на Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово), во содејство со О.О. на Црвен Крст - Куманово , организираше и посредуваше во хуманитарна акција за собирање на хуманитарна помош во стари алишта и друга опрема. 

 Собраната хуманитарна помош беше преземена од страна на О.О. на Црвен Крст - Куманово и истата ке биде соодветно сортирана и во блиска иднина, согласно нивните утврдени приоритети ,  ке биде донирана на повеќе социјално загрозени семејства од подрачје на Општините Куманово , Липково и Старо Нагоричане. 

 ИПА Регион Куманово , согласно основните стаутарни одредби на ИПА Македонија кои што се однесуваат на подобрувањето на имиџот на полицијата како и подобрување на односите помеѓу полицијата и заедницата ,   и во иднина ке продолжи со вакви исти или слични активности , за што се повикуваат сите членови да земат активно учество во истите . 

 „Во служба преку пријателство - Servo per Amikeco“


Меморандум за соработка

Поаѓајќи од основните статурани обврски на ИПА Македонија , кои што во прв ред се однесуваат на активности кон подобрувањето на имиџот на полицијата како и подобрување на односите помеѓу полицијата и заедницата , ИПА Регион Куманово - застапуван од Претседателот од една страна и Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово , застапувана од Директор од друга страна , потпишаа Меморандум за соработка. 

 Со склучениот меморандум за соработка , ИПА Регион Куманово и Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово , се спогодија дека постои взаемен интерес за остварување на заедничка едукативна , превентивна , хуманитарна , истражувачка и спортска соработка, која ќе се остварува преку разни активности како што се : Заеднички проекти од  едукативен , превентивен , хуманитарен , истражувачки и спортски карактер ; Различни облици на едукативна , превентивна , хуманитарна , истражувачка и спортска  помош и соработка ; Консултации и експертизи од соодветни заеднички сфери на интерес ; Организирање на тркалезни маси , работни состаноци и размена на меѓусебни искуства ; и Воспоставување на контакти и заедничка презентација на договорените страни пред јавноста и локалната заедница . 

 „Во служба преку пријателство - Servo per Amikeco“




Ревијален спортски натпревар во стрелаштво

 ИПА Регион Куманово во рамките на планираните манифестации за одбележување на „7ми Мај„ (ден на Македонската полиција) како и „4ти Мај„ (патронен празник на Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово), на ден 02.05.2018 година , организираше Ревијален спортски натпревар во стрелаштво со воздушна пушка , во кој што учество земаат вкупно : 9 екипи и тоа :  Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово (со две екипи: „Професори„ и „Ученици„) ; Синдикатот од Одбраната и Безбедноста (со две екипи во „Женска„ и „Машка„ конкуренција) ; Општинска Организација на Црвен крст Куманово (со две екипи во „Женска„ и „Машка„ конкуренција) ; Стрелачки клуб „Куманово 2000„ (со една екипа во „Машка„ конкуренција„) и ИПА Регион Куманово (со две екипи во „Женска„ и „Машка„ конкуренција) со вкупно : 30 натпреварувачи - стрелци . 

 На натпреварот , беа постигнати следниве резултати : 

 А.  ЖЕНСКА КОНКУРНЕЦИЈА - ЕКИПНО : 

1.ИПА Регион Куманово : 87 ; 

2.Синдикатот од Одбраната и Безбедноста : 65 ; и 

3.; Општинска Организација на Црвен крст Куманово : 3 . 

 Б. МАШКА КОНКУРНЕЦИЈА - ЕКИПНО : 

1.Стрелачки клуб „Куманово 2000„ : 233 ; 

2.Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово („Ученици„) : 202 ; И 

3.ИПА Регион Куманово : 183 . 

 В. ЖЕНСКА КОНКУРНЕЦИЈА  - ПОЕДИНЕЧНО : 

1.Даниела Думановска (ИПА Регион Куманово) : 40 ; 

2.Емилија Петрушевска (Синдикатот од Одбраната и Безбедноста) : 25 ; и 

3.Емилија Ангеловска (ИПА Регион Куманово) : 24 . 

 Г. МАШКА КОНКУРНЕЦИЈА - ПОЕДИНЕЧНО : 

1.Атанас Андоновски (Стрелачки клуб „Куманово 2000„) : 87 ; 

2.Владица Јовановиќ (Стрелачки клуб „Куманово 2000„) : 77 ; и 

3.Антонио Златановски (Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово („Ученици„) : 74 . 

 ИПА Регион Куманово , на сите учесници им се заблагодарува за нивното учество и на победниците им упатува честитки за остварените резултати. 

 Посебна благодарност , се упатува на Гимназија „Гоце Делчев„ - Куманово , која што со пружање на логистичка помош и ставање на простории и средства на располагање , го овозможи реализирањето на овој спортски натпревар . 

 Сите освојувачи на победнички позиции , преку своите одговорни лица (капитени на селекции) благовремено ке бидат известени за денот и местото на одржувањето на пригодната свечаност на која што ке им бидат доделени Дипломи . 

 „Во служба преку пријателство - Servo per Amikeco“

 


НАЈАВА НА АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА 

ИПА Регион Куманово , по повод прославата на  „7ми Мај„ (ден на Македонската полиција), планира да организира серија на активности од спортски , едукативен и хуманитарен карактер, кои што , заради службените обврски на организаторите како и на потенцијалните учесници , ке бидат изведени етапно и во неколку фази. 

По комплетирањето на планираните активности ке биде организирана пригодна свечаност со мини прослава. 

Се апелира до сите членови на ИПА Регион Куманово ,  да земат учество во планираните активности, за кои што дополнително ке бидете известени. 

ИПА Куманово.


ИПА Македонија на IX национален конгрес на ИПА Словенија 

ИПА Регион Куманово , на претхoдна официјална покана од страна на ИПА Словенија кон ИПА Македонија, како делегирани претставници , присуствуваше на IX национален конгрес на ИПА Словенија , кој што во период од 13.-15.04.2018 година се одржа во Крањска Гора , при што на конгресот , покрај претставници од ИПА Македонија , присаствуваа и делегации на ИПА Австрија , ИПА Хрватска , ИПА Црна Гора , ИПА Италија , ИПА Словачка , ИПА Чешка , ИПА Србија, ИПА БиХ и ИПА Унгарија . 

На свеченото отворање присаствуваше висока делегација на словенечката полиција , при што конгресот со свој поздравен говор , го отвори г-динот Симон Велички-в.д. генерален директор на словенечката полиција , а во работниот дел на конгресот , помеѓу другото беше избрано и ново раководство на ИПА Словенија , од кои што беше избран и нов Претседател на ИПА Словенија г-дин Јоже Сеница кој што доаѓа од ИПА клубот Цеље . 

За време на пригодната свеченост по завршување на конгресот , од страна на Претседателот на ИПА регион Куманово г-дин Горан Маневски ,  а во име на ИПА Македонија , на новоизбраниот Претседател на ИПА Словенија г-дин Јоже Сеница му беше врачен скромен подарок и му беше посакана успешна работа и при тоа беше договорена и заедничка понатамошна соработка , дотолку повеќе што г-динот Јоже Сеница во минатото како припадник на меѓународната мисија Проксима , има извршувано полициски задачи во Р.Македонија , поточно во Скопје и Куманово .