ОБЈАВИ ЗА НОВИ НАСТАНИ


25.03.2018 23:06






НОВИ ИПА ЗНАЧКИ

Ги известуваме членовите на ИПА Македонија дека е изработен дизајнот на новата значка на Здружението.

 

Значката ќе биде персонализирана со изгравиран број на членската картичка на членот на ИПА Македонија.

 

НАПОМЕНА:

Значка може да нарачаат само активни членови со регулирана членарина.
Барање за изработка на значка да не се поднесува заедно со пристапница, односно барањето нема да се прифати пред изработка на членска карта.

Рок за изработка на значка е 30 дена од уплата и поднесување на барање.

Рок за изработка на членска картичка е 60 дена од поднесување на пристапница.

Значката може да се добие со пополнување на следното барање за изработка. Цената за изработка на значката е 990,00 денари кои треба да се уплатат на фирмата изработувач со користење на ПП10 уплатница која се пополнува на следниот начин:

Барањето со фотокопија од уплатницата во прилог да се достави до лицето за контакт во регионот.



23.03.2018 12:03






ПОНУДА ЗА 8МАРТОВСКА ПРОСЛАВА

Ресторан Букет
Почитувани,

 Ресторан Букет Ви испраќа понуда за 8мартовска прослава  за вас и вашата компанија за организирање на прослави, за денски и вечерни термини на прославите ќе ве забавува музичка група.Понудените менија се со храна,пијалок во неколку варијанти.За информации и резервации ве молиме да не контактирате.

Во продолжение Ви ја доставуваме следнава понуда да бидете наши драги гости по повод престојните 8мартовски прослави. 

МЕНИ 1

Ладна закуска
***
Зелена салата
***
Бела Вешалица, Пилешки стек
Гарнир: Помфрит
Домашна погача
***
Чоколадна торта

 Цена: 500,00 денари

 Пијалок се плаќа дополнително по нарачка или
 Неограничен пијалок(Вино наливно,пиво,сокови газирани негазирани,минерална вода,ракија) цена 250,00.
Неограничен пијалок(вино 0,750 тиквеш,пиво,сокови газирани,негазирани,минерална вода,ракија, узо,вотка) цена 350,00

 .

МЕНИ 2

Букет ордевер
Фурнарини
***
Мешана салата
***
½ Селско месо
Пилешки увијач
Пекарски компир
Домашна погача
***
Баклава

 Цена: 600,00 денари

Пијалок се плаќа дополнително по нарачка или
 Неограничен пијалок(Вино наливно,пиво,сокови газирани негазирани,минерална вода,ракија) цена 250,00.
Неограничен пијалок(вино 0,750 тиквеш,пиво,сокови газирани,негазирани,минерална вода,ракија, узо,вотка) цена 350,00

Поминете пријатни моменти во ресторан БУКЕТ и уживајте во прекрасните звуци со  кои ќе Ве забавува реномиран оркестар.

Повелете во Ресторан БУКЕТ - ВКУСЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА , разбудете ги сите сетила и уживајте.

За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање да не контактирате.

Ви благодариме на довербата.

Поздрав,
Ресторан Букет
Тел:02/3112-112

 

Лица за контакт: Сашка Стојановска 078/434-003
                          Горан Блажевски Моб:070/232-470                                
                           restoranbuket@yahoo.com


02.03.2018 00:16






УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВОТО - НОВ ПРОЕКТ НА ИПА

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија започна со реализација на програмата на проектот „Улогата на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството“ со првата работилница која се одржа во Охрид на 1 и 2 јули 2017 .

Темата на проектот беше дефинирана поаѓајќи од фактот дека главна одлика на демократското полициско работење е идејата дека полициските активности се извршуваат со согласност на народот. Бидејќи Полицијата не може да претпостави дека постојано делува во согласност со сите граѓани, од таа причина мора постојано да работи за да се осигура дека јавноста ги одобрува нејзините постапки. Како предуслов за добивање поддршка од јавноста е транспарентноста во полициското работење и гаењето на комуникација и заедничко разбирање помеѓу Полицијата и граѓаните. Мерките со кои се постигнува транспарентност и комуникација вклучуваат воведување механизми за да можат граѓаните да бараат услуги од Полицијата, создавање форуми за отворени дискусии, трибини, тркалезни маси и работилници со цел дискутирање за проблемите со криминалот и безбедноста и развојот на демократско полициско работење во општеството. Па, оттука, всушност, и произлезе идејата, поточно неопходноста од реализација на проект од ваков тип.

Во рамките на работилницата беа опфатени темите „Предизвици на полицијата во врска со почитувањето на основните слободи и права на човекот“, „Кодекс на полициска етика“ земајќи ги предвид целите и организацијата на полицијата, полициската интервенција и општите принципи, како и одговорноста и контролата на полицијата и „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локалната заедница“ – со осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Предавачи беа м-р Јово Баткоски, самостоен советник во Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси, Владо Петров, самостоен инспектор за сообраќајноинженерски работи во СВР Штип во БЈБ, и м-р Владимир Петрушевски, началник во СВР Куманово во БЈБ, сите тројца работници од Министерството за внатрешни работи

Имено, Проектот ги изразува целите на демократските полициски служби и сили; значењето на нивната посветеност на владеењето на правото, политичката етика и стандардите за човекови права; суштинската природа на полициската отчетност пред законот и општеството на кое му служат, како и потребата за нивна соработка со граѓаните, признавајќи дека за ефективно полициско работење потребно е партнерство со граѓаните што се опслужуваат.

Важно е да се истакне дека здружението ИПА не застанува тука со реализација на Проектот, односно во иднина ќе бидат организирани уште неколку работилници чиј предмет на интерес ќе биде различен од проблематиката што беше дискутирана викендов во Охрид, со цел унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по кој било основ, а сето тоа преку доближување на граѓаните до Полицијата, односно подигање на свесноста на граѓаните за нејзината вредност и неопходност во општеството.


10.02.2018 06:17






УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВОТО - ВТОРА РАБОТИЛНИЦА

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија продолжи со реализација на програмата на проектот „Улогата на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството“, кој започна во Охрид на 1 и 2 јули оваа година. Имено, викендов, на 2 и 3 септември, во Крани беше одржана втората работилница на која беа опфатени и разработени теми чиј предмет на интерес даде одговори за придонесот на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството, што всушност е и главната цел на овој Проект.


Во рамките на работилницата беа опфатени темите „Правата на човекот и граѓанинот – реалност, потреба обврска?!“, „Организацијата на МВР (Полицијата), ’стремеж’ за заштита на правата на човекот и граѓанинот, но и причина за повреда и ограничување на истите“, „Разговор со дете во демократско општество (подготовки, помагала кои го олеснуваат сослушувањето на детето)“, „Разговор со дете во демократско општество (етапи, транскрипција и проблеми при сослушување на детето)“, „Лишување од слобода и приведување“ и „Несоодветно постапување при лишување од слобода и приведување“. Предавачи беа Климе Иваноски, Мирјана Петрова-Велковска и Љупчо Ѓурчевски, сите тројца работници од Министерството за внатрешни работи.

Имено, Проектот продолжи со афирмирање на ставот дека главна одлика на демократското полициско работење е идејата дека полициските активности се извршуваат со согласност на народот. Бидејќи Полицијата не може да претпостави дека постојано делува во согласност со сите граѓани, од таа причина мора постојано да работи за да се осигура дека јавноста ги одобрува нејзините постапки. Како предуслов за добивање поддршка од јавноста е транспарентноста во полициското работење и гаењето на комуникација и заедничко разбирање помеѓу Полицијата и граѓаните. Во контекст на наведеното, а поаѓајќи од многуте дебати, нејаснотии, полемики, прашања кои се развија на работилницата и на кои се дадоа конкретни одговори и насоки за постапување, неспорно се доаѓа до заклучок дека Полицијата несомнено има огромна улога во развојот на демократизацијата на општеството, која улога од ден на ден сè повеќе настојува да ја зајакне, со цел овозможување чувство на сигурност кај граѓаните дека се безбедни граѓани на една држава и граѓани чии права и слободи се максимално почитувани.

Како што веќе беше изнесено, а со цел остварување на целите поради кои е започнат проект од ваков тип, здружението ИПА не застанува тука со негова реализација. Имено, во иднина следуваат уште неколку работилници, на кои ќе се обработува различна проблематика во однос на темите што беа предмет на интерес на работилниците во Охрид и во Крани, меѓутоа сепак проблематика во чија суштина лежи почитувањето на слободите и правата на граѓаните, односно придржувањето кон демократијата во општеството, при дејствувањето на Полицијата, што е всушност мисија и крајна цел на секоја модерна демократска држава.


10.02.2018 06:17






ВТОРА МЕЃУНАРОДНА-РЕГИОНАЛНА ИПА МОТОЦИКЛИСТИЧКА СРЕДБА

Во периодот од 28.06.2017 до 02.07.2017 во Белград, Р. Србија, се одржа Втората меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуаа претставниците од Мото Клуб ИПА Македонија  во  состав: Дамјан Галевски, Љупчо Стојкоски, Васко Пачемски и Зоран Мирјаноски.

Средбата беше организирана од страна на ИПА Србија и Мото Клуб Безбедност од Србија (официјален мото клуб на ИПА Србија), а на истата присуствуваа и претставници од мото клубовите на ИПА Словенија, ИПА Хрватска, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Црна Гора и ИПА Србија, со кои претставниците на Мото Клубот ИПА Македонија разменија значајни искуства и имаа незаборавни моменти, дружења и заеднички извозени околу 700 км.

 

Средбата беше свечено отворена од Претседателот на ИПА Србија, д-р Небојша Пантелиќ и Претседателот на Мото Клуб Безбедност – Србија, Витомир Голушин, при што од домаќините беа поделени благодарници, а притоа и сите присутни меѓусебно разменија репрезентативни материјали.  

 

Во рамки на средбата присутните има прилика да го посетат градот Суботица, каде се направи обиколка на Паличко Езеро, Винарија Звонко Богдан и се посети ИПА куќата во Суботица каде Потпретседателот на ИПА Србија, Александар Рајновиќ ги пречека гостите. Од страна на Градоначалникот на Суботица беше отворена Градската куќа (Општинска Зграда) во која присутните имаа можност да се запознаат со историјата на градот и да уживаат во убавата архитектура.

Исто така, се реализираше посета на Виминацијум (Римски Град) и Смедеревска Тврдина, каде добредојде посака третиот Подпретседател на ИПА Србија, Перица Миловановиќ. 

 

На крајот од средбата кандидатурата на Мото Клуб ИПА Македонија за домаќин на следната  Трета меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба беше прифатена на задоволство на сите присутни ИПА членови од шесте држави.


03.01.2018 23:25






ИПА МАКЕДОНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА

На покана од ИПА Германија е остварена возвратна посета од делегација на ИПА Македонија во состав:
Од Управен одбор на ИПА Македонија

  • Робертино Ацески – Претседател,
  • Ненад Николовски – Потпретседател,
  • Кирил Хаџи-Ефтимов – Генерален секретер и

од Управен одбор на ИПА Македонија – Регион Скопје

  • Владо Мирчевски, Претседател
  • Кирил Бошковски и
  • Игор Манојловски.

Нашата делегација оствари средба со УО на ИПА Германија и претставници на ИПА Регионите Келн и Дизелдорф. Исто така беше реализиран и прием од Директорот на полицијата во Келн.

Престојот беше организиран во Едукативниот центарот Замок Гимборн каде нашиот Управен одбор, на чело со Претседателот потпишаа договор за членство со Директорот на Центарот. Со овој договор е овозможено учество на наши членови во семинари и обуки кои се одржуваат во овој реномиран едукативен центар.

Посетата беше успешна а контактите и пријателството унапредени. Соработката со ИПА Германија продолжува и во наредниот период.


15.09.2016 00:21