Category Archives: Вести

15 memorijal marko graorkoski IPO jadran prijateli (3)

15ти Меморијал Марко Граоркоски – ИПО Јадран – с. Брезица

По повод меморијалот Марко Граоркоски организиран од ИПО Јадран Скопје, на 02 – 04.05.2014 ИПА Македонија учестуваше како гостин на оваа активност што се одржа во село Брезица – Скопско. На оваа традиционална акција членот на ИПА Македонија, освен со своето учество пружи логистичка и едукативна поддршка и учестуваше во координацијата на меморијалот.
На овој меморијал учество земаа скоро сите извиднички одреди од Македонија како и екипи од соседството.
Интересно за село Брезица е дека ИПО Јадран поседува извиднички дом којшто служи посебно во зимските услови за едукација и вежбовни активности во природа, курсеви, семинари со невладини и владини организации.

den-na-prolletta-2014-ipa-brodec (4)

ИПА Ден на пролетта – Бродец

На 22.03.2014 ИПА Македонија се вклучи во активностите по повод “Денот на пролетта” во која активно учестуваа наши членови заедно со ИПО Јадран. Оваа успешна акција имаше и едукативен катактер каде што беа организирани повеќе работилници као што се: од оринтацијата во природа, познавање на морзевата азбука и сигнализација, движењето и гледањето на топографска карта и бусола, како и други извиднички активности.
На оваа традиционална државна акција земаа учество повеќе одреди, како и други организации и граѓански здруженија.

image-1387383658540-V

Собрание на ИПО Јадран

На ден 17.12.2013 во работничкиот дом – Скопје се оддржа собрание на извидничко поречанскиот одред Јадран. На оваа свеченост присуствуваше и член од ИПА Македонија, кој воедно е и припадник на ИПО Јадран. Освен работен состанок имаше и свечена манифестација во која се спомнаа залагањата и активностите на одредот како и нивната соработка со останатите инситуции и здруженија од градот и пошироко.
Беа разменувани искуства и мислења од областа на екологијата, извидништвото, природата, ориентацијата и познавања од други области.

google

image-1387870515368-V

ИПА – Ден на дрвото

На ден 22.03.2014 година, во организација со повеќето изведнички одредо од градот Скопје, како и учество на членови од ИПА Македонија, и Министерството за Внатрешни Работи и други организации и зџруженија, активно земаа учество во засадувањето на иднината на нашата држава, а со цел да се зголеми шумскиот фонд, подигнување на еколошката свест, кои претставуваат едни од водечките принципи на светската ИПА организација.
Оваа акција во нашата држава е со традиција од повеќе години и успешно се реализира секоја година.

google

IPA-mkd_Germany

ИПА Размена

И оваа година во соработка со ИПА Германија, договорена е, и во тек на реализација размената на колеги од ИПА Македонија со ИПА Германија, а се со цел остварување на главните ИПА идеали и цели, кои се дружење, размена на професионални искуства и знаења, преку непосредна соработка и комуникација.
Размената ќе се изврши кон крајот на месец Мај и Септрември 2014 година.

google

IMG0017A(1)

ИПА помош

За време на обилните снежни наноси членовите на ИПА, Благојче Нејданоски, Робертино Ацески, Илчо Јовановски и Горан Бојчевски, по исвестување од страна на сестра Марија, игумен во Манастирот Св. Михаил Архангел, лоциран на падините на Скопско Црна Гора, близу село Кучевиште, пристапија кон помош во разчистување на снежните наносим, за да се овозможи непречен пристап и функционирање на верските и манастирските активности на комплексот.
Манастирскиот комплекс датира од 13-тиот век, и претставува културно, археолошко и духовно светилиште на државата, и е објект под заштита на УНЕСКО.

google