Category Archives: Настани

IMG_6304

ИПА соработка со детската градинка Раде Јовчевски – Корчагин

На ден 04.04.2014 година во организација на ИПА Македонија и регион ИПА Скопје, остварена е соработка и посета на полициската станица Кисела Вода, и одделот за Криминалистичка Техника на СВР Скопје, од страна на деца од градинката “Раде Јовчевски Корчагин” – Скопје.
Посетата имаше едукативен карактер како и приближување на децата од помала возраст со полицијата и запознавање со основните поими од областа на полициските работи и сообраќајот, демонтрација на некои полициски методи и техники и секојдневнат аполициска работа.
На овој настан учество зедоа околу 50-тина деца со нивните воспитувачи, членови на управниот одбот на ИПА Македонија и на регионот Скопје и членови на ИПА Македонија.
За остварената успешна соработка градинката “Раде Јовчевски Корчагин” додели благодарница на ИПА Македонија и регионот ИПА Скопје.

google