Category Archives: Настани

ZenaPark1

Посета од ИПА Германија

ZenaPark
Управниот одбор на ИПА Германија со претседателот Horst W. Bichl во Февруари одржаа состанок во Скопје, како резултат на повеќегодишната плодна и искрена соработка.
Нивниот престој, покрај дружба и туристичко разгледување го искористивме за размена на искуства и договорени се насоки за понатамошна успешна соработка
HorstWBichlRobertinoAceskiHorstWBichlVladoMirchevski

DSC_6005

Состанок на IEB во Скопје Македонија

На наше огромно задоволство извршниот одбор на светската ИПА првиот состанок во 2015 година го оддржа во Скопје, во организација на ИПА Македонија. Состанокот помина во полна работна атмосфера, а слободното време беше исполнето со бројни активности, дружење и размена на искуства со членовите од ИПА Македонија.

За гостите беше организирана прошетка низ центрарот на Скопје, посета на Милениумскиот Крст, посета на спомен куќата на Мајка Тереза, како и посета на музејот на МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ. Организирани беа свечени вечери во организација на ИПА Македонија во ресторан “Балканика” каде беа поканети од наша страна и претставници на ИПА Германија, Словачка и Унгарија. Беа разменети пригодни подароци и сувенири.

Наредниот ден беше организирана вечера во националниот резерват “ЈАСЕН” каде имаше и пригодна културно уметничка програма. На крајот од работниот дел на IEB беше остварена посета на винаријата “СТОБИ” каде се оствари и заеднички ручек. Во просториите на винаријата се оддржа состанок помеѓу IEB и управниот одбор на ИПА Македонија на кој состанок се констатираше досегашниот напредок, понатамошните идеи и активности презентирани од наша страна и насоките на светската ИПА и актуелните предизборни активности и подготовки за светскиот конгрес на ИПА кој ќе се оддржи на КИПАР во месец Септември.

Атмосверата и дружењето протекоа во најдобар ред, на сеопшто задоволство на ИПА Македонија и во иднина се надеваме дека бидеме домакини и организатори на вакви средби и од поголем мегународен карактер,

Во прилог сведоштва од состанокот и останатите активности на ИПА членството.

- Paper Writing Service Custom papers online only here! > -

IPA_Macedonia_Croatia_02 (1)

Посета на IPA-Хрватска и одлуката на PEB

Во периодот од 25.02.2014 до 01.03.2014 по покана на IPA Хрватска наша делегација од IPA Македонија предводена од Претседателот Љупчо Андоновски присуствуваше на дел од состанокот со PEB на интернационалната IPA, на кој состанок беше донесе одлука за полноправен прием на IPA Македонија во светската IPA, кој прием ќе биде изгласан и верификуван на годишната конференција на IPA која кон крајот на месец Септември ќе се одржи во PODZAM Германија. Ова е последната фаза од нашето полноправно примање во светската организација и резултат на нашите досегашни активности и резултати.
Деновите во Хрватска минаа во остварување на повеќе контакти, разговори и дружење и со поканетите членови на IPA секции од балканот, односно присутни беа делегации од IPA-Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија. Во прилог ви ги прикажуваме дел од фотографиите кои сведочат за атмосверата која владееше за време на состаноците.

4

Celebrating full membership in the World IPA

IPA Former Yugoslav Republic of Macedonia celebrates its full membership in the World Association IPA in the period 10-12.10.2014

The celebration began with a dinner attended by delagates from IPA Croatia, Serbia, Montenegro, Bosnia and Herzegovina, Greece, Germany and Turkey.

The celebration was opened by IPA President of Former Yugoslav Republic of Macedonia Mr. Ljupcho Andonovski with solemn speech, meeting with the history and beginnings and path that moves IPA Former Yugoslav Republic of Macedonia to become a full member of the World Police Association, while expressing gratitude to Member States from the region and all the friends who generously supported Macedonia IPA.

President of Croatia IPA “Milenko Vidak,” said he was very pleased and it is his tremendous honor for full accession of Former Yugoslav Republic of Macedonia IPA World Association. On this occasion IPA Croatia awarded our delegates: President Ljupcho Andonovski Mirchela Arsic, Jasmina Galevska, Robertina Aceski Tony Jakimovksi, for the great contribution and achieving the goals of the IPA,

Other presidents of IPA regions also held a short speech and giving a brief overview of the cooperation and thanking as part of the festive celebrations.

The name of this ceremony and full membership, to the IPA and Delegations friends, IPA Former Yugoslav Republic of Macedonia gave gratitude that emphasized his gratitude for the realized cooperation in a spirit of friendship and IPA. “SERVO PER AMIKECO”

In addition to the testimony of the wonderful atmosphere.

Тwo-day visit to the beautiful city of Ohrid, the lake and its wonderfull sights

ankara1

Средба со претседателот на ИПА Турција

На 21.09.2012год, во Анкара, од страна на претсавници од ИПА Македонија, Игно Стојков – секретар на регион Скопје, Тони Велковски – член на управен одбор и Горан Милошевски член на ИПА Македонија, беше остварена средба со претседателот на ИПА Турција, Erkan GÜLER и генералениот секретар Dr.Fatih VURSAVAŞ. На оваа средба беа отворени повеќе теми за соработката на ИПА Турција со ИПА Македонија.

IMG_0600

ИПА – Регион Скопје со студентите на Факултетот за Детектива и Безбедност – ФОН Скопје

На 23.03.2014год. одржано е предавање на тема “Траги од папиларни линии” – медоти и подигање.
Предавањето е реализирано со студентите од Факултетот за Детективи и Безбедност – ФОН и членовите на ИПА регион Скопје. Ова е уште едно дружење со студентите од овој факултет

кое стана традиција. Реализирана е теоретска и практична настава со можност студентите сами да учествуваат во детекција и подигање на траги од папиларни линии.

20140920_213852

Во посета на клубот ИПА Косовско поморавје

По покана на ИПА клубот Косовсо Поморавје по повод нивниот интернационален собир кој се оддржа од 19 – 22.09.2014 на Власинско Езеро – Србија делегација од ИПА Македонија и регионалниот клуб ИПА Прилеп присуствуваше на оваа веќе традиционална мегународна средба. Присутни беа претставници од ИПА Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Молдавија, Бугарија и членови на српските ИПА регионални клубови. Одржана беше свечена вечера на која беа доделени медали за успешност во спортските игри што ги организираа во стрелачтво, пинг-понг, пикадо и готвење традиционален гулаш. Членовите од делегацијата на ИПА Македонија освоија две втори места во дисцип

лините пикадо и готвење гулаш.

google

ИПА Македонија со полноправно ченство

ИПА Македонија е полноправен член

На конференцијата во Потсдам – Германија оддржана од 02 – 07.09.2014 година, присутни беа претседателот Љупчо Андоновски, нашиот делегат Тони Јакимовски и членот на изборна комисија Мирчела Арсиќ. На конференцијата е изгласано нашето примање во полноправно членство во светската ИПА, како резултат на нашата долгогодишна и успешна работа и признание на нашиот севкупен труд и ангажман. И самостојно ќе продолжиме по истиот курс во рамки на духот и традиција на ИПА движењето.

google