All posts by ipa_admin

IPAkarticki

Известување до Членовите

Ги известуваме членовите на ИПА Македонија дека на интернет страницата е објавен список со лица за контакт и телефонски броеви.

За сите прашања во врска со членство и членски картички можете да се обратат до лицата за контакт во соодветниот регион.

До списокот можете да пристапите преку менито Региони или следниот линк .

3BiH

ИПА Македонија на Генерално Собрание на ИПА Босна и Херцеговина

Делегација на ИПА Македонија присуствуваше на годишно собрание на ИПА Босна и Херцеговина кое се одржа на 28.05.2016 година во Требиње. Делегацијата ја сочинуваа Љупчо Ристовски и Ѓорѓе Цениќ.

На овој настан, покрај нашата делегација, присуствуваа и делегации од ИПА секциите на Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Во рамките на овој настан е остварена посета на Заедничкиот Центар за полициска соработка на Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора а потоа и обиколка на градот Требиње и околината.

Во вечерните часови, домаќините приредија свечена вечера со забавна содржина, пријатна атмосфера и дружење на сите учесници на овој настан.

2BiH

1BiH

4BiH2016

CG12016

ИПА Македонија на Собрание на ИПА Црна Гора

Делегација на ИПА Македонија, на 22.04.2016 година, присуствуваше на второто редовно собрание на ИПА Црна Гора. Делегацијата ја сочинија Ненад Николовски, Кирил Хаџи-Ефтимов и Владо Мирчевски.

На овој настан, покрај нашата делегација, присуствуваа и делегации од ИПА секциите на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и претставник од Полициски синдикат на Косово.

По завршување на собранието остварени се посети на повеќе природни и културно историски знаменитости, дополнети со дружење и забава.

CG32016

CG62016 CG52016 CG42016