kaj_efto

Ресторан Кај Ефто

Ресторанот “Кај Ефто” (стара АЊА во парк), за ченовите на ИПА обезбедува попуст од 20%.

На местото на поранешниот ресторан Ања во Градски парк од неодамна функционира нов ресторан како измислен за најстрасните гурмани, а го носи името “Кај Ефто”. Во пријатна и вистинска градска атмосфера со природната топлина која доаѓа од каминот во центарот на ресторанот, тука може да се ужива во најдобрата скара на ќумур како и на специјалитети од интернационалната, како и македонската кујна, а во фурната на дрва се подготвуваат пиците и пастрмајлиите на кои ретко кој може да им одолее.

Кујната е традиционално македонска, плус со сите специјалитети и видови месо кои може да се понудат со скара на ќумур која е поделена посебно за риба и за месо. Може да се види дека имаме и фурна на дрва за припремање на дел од специјалитетите. Ребра во фурна, свинско и телешко печење во фурна, свински коленици во фурна, димено ребро, домашно лепче, црно, пченкарно или бело сето ова се спрема на традиционален начин, а тука се и пиците и пастрмајлиите. Освен јадењата од интернационална кујна, може да се пробаат и скоро сите македонски национални јадења како макала, пинџури, галичко сирење и кашкавал “Кораб”

Напишете коментар

"SERVO PER AMIKECO"