DSC_6005

Состанок на IEB во Скопје Македонија

На наше огромно задоволство извршниот одбор на светската ИПА првиот состанок во 2015 година го оддржа во Скопје, во организација на ИПА Македонија. Состанокот помина во полна работна атмосфера, а слободното време беше исполнето со бројни активности, дружење и размена на искуства со членовите од ИПА Македонија.

За гостите беше организирана прошетка низ центрарот на Скопје, посета на Милениумскиот Крст, посета на спомен куќата на Мајка Тереза, како и посета на музејот на МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ. Организирани беа свечени вечери во организација на ИПА Македонија во ресторан “Балканика” каде беа поканети од наша страна и претставници на ИПА Германија, Словачка и Унгарија. Беа разменети пригодни подароци и сувенири.

Наредниот ден беше организирана вечера во националниот резерват “ЈАСЕН” каде имаше и пригодна културно уметничка програма. На крајот од работниот дел на IEB беше остварена посета на винаријата “СТОБИ” каде се оствари и заеднички ручек. Во просториите на винаријата се оддржа состанок помеѓу IEB и управниот одбор на ИПА Македонија на кој состанок се констатираше досегашниот напредок, понатамошните идеи и активности презентирани од наша страна и насоките на светската ИПА и актуелните предизборни активности и подготовки за светскиот конгрес на ИПА кој ќе се оддржи на КИПАР во месец Септември.

Атмосверата и дружењето протекоа во најдобар ред, на сеопшто задоволство на ИПА Македонија и во иднина се надеваме дека бидеме домакини и организатори на вакви средби и од поголем мегународен карактер,

Во прилог сведоштва од состанокот и останатите активности на ИПА членството.

- Paper Writing Service Custom papers online only here! > -

Напишете коментар