P22016

ИПА Македонија во Киелце

Во периодот 02-03.09.2016 година, на покана и по повод прослава за една година постоење на регионалниот ИПА клуб Киелце Центар , како дел од провинциската група ИПА Свет Крст, во Киелце, Полска, присуствуваше делегација од ИПА Македонија, регион Скопје во состав: Игно Стојков; Орце Јовановски; Милисав Мијалчиќ и Миомир Богоев. На овој настан присуствуваше и делегација од ИПА Германија, регион Штутгарт

Во официјалниот дел на посетата беа остварени средби и посети со Потпреседателот на Киелце, Командантот на регионалната полиција, Командантот на општинската полиција, Одделот за превенција, Одделот за анти-тероризам и Управниот одбор на ИПА Свет Крст.
Нашата делегација беше запознаена со организацијата, средствата и начинот на кој нашите колеги од Полската полиција ги извршуваат своите работни обврски.
Остатокот од престојот беше исполнет со обиколка на градот, посета на природни, културни и историски знаменитости во регионот, дружење и забава.

P22016 P32016 P42016 P52016 P62016 P72016