Формиран е “Мото Клуб ИПА Македонија“

Со Одлука на Управниот одбор на Националната секција на ИПА – Македонија формиран е “Мото Клуб ИПА Македонија“ за чиј што Претседател е назначен Дамјан Галевски, а за Членови на Претседателството назначени се Љупчо Стојкоски и Васко Пачемски.

Цели и задачи на „Мото Клуб ИПА Македонија“, согласно Статутот на ИПА Македонија:

- организација и учество на припадниците на Мото Клубот ИПА Македонија во спортски и културни активности,

- зголемување на професионалната соработка и лично пријателство помеѓу своите членови и нивните семесјтва и

- унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Право на членство во „Мото Клуб ИПА Македонија“ има секој член на Нациoналната секција на ИПА Македонија кој:

- Е постоечки член на Националната секција на ИПА Македонија (со доставување на копија од членската картичка на ИПА или пристапница за членство во ИПА),

- Поседува важечка национална Возачка дозвола од „А“ категорија и не поседува забрана за управување на моторни возила од соодветната категорија (со доставување на копија од возачката дозвола),

- Поседува моторцикл над 500 цм3 регистриран на свое име на територијата на Република Македонија (со доставување на копија од сообраќајната дозвола на моторциклот) и

- Ги почитува сообраќајните правила и придонесува во подигањето на јавната свест за правилно и одговорно однесување во сообраќајот.

Контакт: - Дамјан Галевски, Претседател на Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 072 260 968

email: galevskidamjan@gmail.com.mk

- Љупчо Стојкоски, Член на Претседателството на „Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 070 343 769

email: ljupcostojko@hotmail.com

Васко Пачемски, Член на Претседателството на „Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 072 260 966

e-mail:v_pacemski@yahoo.com