3BiH

ИПА Македонија на Генерално Собрание на ИПА Босна и Херцеговина

Делегација на ИПА Македонија присуствуваше на годишно собрание на ИПА Босна и Херцеговина кое се одржа на 28.05.2016 година во Требиње. Делегацијата ја сочинуваа Љупчо Ристовски и Ѓорѓе Цениќ.

На овој настан, покрај нашата делегација, присуствуваа и делегации од ИПА секциите на Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Во рамките на овој настан е остварена посета на Заедничкиот Центар за полициска соработка на Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора а потоа и обиколка на градот Требиње и околината.

Во вечерните часови, домаќините приредија свечена вечера со забавна содржина, пријатна атмосфера и дружење на сите учесници на овој настан.

2BiH

1BiH

4BiH2016