uplatnica

ИПА Македонија за поплавените подрачја

Поради катастрофалните временски непогоди кои ги зафатија Скопје и околината, како и Тетовско на 06 Август и однесоа 22 човечки животи, се здобија со повреди поголем број на граѓани и е причинета огромна материјална штета и страдање на локалното население,

ИПА Македонија во име на своето членство како и од име на светската ИПА организација изразува огромно жалење за жртвите и искрено сочуство до семејствата на починатите.

Исто така изразуваме голема загриженост за настаната состојба во погодените подрачја како последица од невремето и активно преку своето членство сме вклучени во пружањето на несебичната помош за надминување на состојбите и враќање во нормала на условите за живот во погодените подрачја.

ИПА членството кое е составено од редовни и пензионирани полициски припадници, уште од првите моменти активно е вклучено во првите редови при мисиите за време и по невремето во давањето помош, евакуација и обезбедување на погоденото подрачје и локално население, активно е вклучено во сите активности на сите подрачја во расчистување и санирање на штетите, кои активности ќе продолжат и во наредниот период до целосното надминување на состојбите и враќање на животот на граѓаните во нормален тек.

Поред тоа, Управниот Одбор на ИПА Македонија донесе одлука и материјално финансиски во износ од 300.000 денари да помогне во санирањето на штетите на граѓаните погодени со временските неприлики. Средствата ќе се уплатат на сметката за донации, за помош на сите настрадани, со што согласно принципите на нашето Здружение и нашата граѓанска определба како дел од НВО, ќе бидеме и во мисијата на хуманоста.

Во мое име, како Претседател како и во име на Управниот Одбор им честитам на сите наши членови за нивните досегашни натчовечки напори што ги дадоа во пружањето помош, спасувањето на животи и активностите околу санацијата на последиците, како и поддршка до сите наши членови и граѓани погодени од невремето, дека последиците со взаемна помош и хуманост ќе ги надминеме и полесно ќе ги пребродиме.

Ве поздравувам со нашиот препознатлив интернационален поздрав

Servo per Amikeco

Робертино Ацески

Претседател на ИПА Македонија

Sobald er den raum erhellt, stellt die dieser Link blume ihr wachstum ein