All posts by IPA Publisher

IPAzaednickas

Генерално собрание на ИПА Македонија

На 15.04.2016 година, претседателот Робертино Ацески свика и се одржа редовното Генерално собрание на ИПА Македонија.IPAgen1s

На собранието учествуваа управниот одбор, делегатите и претседателите на регионите. Усвоен беше следниот дневен ред:

  1. Извештај за 2015 година,
  2. План за 2016 година,
  3. Излагање и усвојување на годишниот финансиски извештај за 2015 година
  4. Разно.

IPAgen2sИзбрани се два нови члена на управниот одбор на ИПА Македонија, и тоа:

  • Мр. Ненад Николовски за потпретседател  и
  • Љупчо Ристовски за претставник за медиуми и информатичка поддршка.

За претседател на комисијата за спорт е избран Горан Бојчевски.

Во наредниот период ќе се формира работна група за дооформување и комплетирање на сите национални комисии.

По повод 5 години од постоењето на ИПА Македонија и заслугите за афирмација на домашно и меѓународно ниво, како и за особениот придонес во основањето и организацијата, свечено во пригодна церемонија а согласно со одлуката на генералното собрание од 2015 година беа доделени плакети за:

  • Почесен претседател на Мр. Љубчо Андоновски и
  • Почесни членови на Мр. Митко Чавков и Мр. Горанче Савовски

IPAplaketis

ZenaPark1

Посета од ИПА Германија

ZenaPark
Управниот одбор на ИПА Германија со претседателот Horst W. Bichl во Февруари одржаа состанок во Скопје, како резултат на повеќегодишната плодна и искрена соработка.
Нивниот престој, покрај дружба и туристичко разгледување го искористивме за размена на искуства и договорени се насоки за понатамошна успешна соработка
HorstWBichlRobertinoAceskiHorstWBichlVladoMirchevski

DSC_6005

Состанок на IEB во Скопје Македонија

На наше огромно задоволство извршниот одбор на светската ИПА првиот состанок во 2015 година го оддржа во Скопје, во организација на ИПА Македонија. Состанокот помина во полна работна атмосфера, а слободното време беше исполнето со бројни активности, дружење и размена на искуства со членовите од ИПА Македонија.

За гостите беше организирана прошетка низ центрарот на Скопје, посета на Милениумскиот Крст, посета на спомен куќата на Мајка Тереза, како и посета на музејот на МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ. Организирани беа свечени вечери во организација на ИПА Македонија во ресторан “Балканика” каде беа поканети од наша страна и претставници на ИПА Германија, Словачка и Унгарија. Беа разменети пригодни подароци и сувенири.

Наредниот ден беше организирана вечера во националниот резерват “ЈАСЕН” каде имаше и пригодна културно уметничка програма. На крајот од работниот дел на IEB беше остварена посета на винаријата “СТОБИ” каде се оствари и заеднички ручек. Во просториите на винаријата се оддржа состанок помеѓу IEB и управниот одбор на ИПА Македонија на кој состанок се констатираше досегашниот напредок, понатамошните идеи и активности презентирани од наша страна и насоките на светската ИПА и актуелните предизборни активности и подготовки за светскиот конгрес на ИПА кој ќе се оддржи на КИПАР во месец Септември.

Атмосверата и дружењето протекоа во најдобар ред, на сеопшто задоволство на ИПА Македонија и во иднина се надеваме дека бидеме домакини и организатори на вакви средби и од поголем мегународен карактер,

Во прилог сведоштва од состанокот и останатите активности на ИПА членството.

- Paper Writing Service Custom papers online only here! > -

heroii

Вечна слава за нашите колеги

ИПА Македонија изразува искрено жалење за смртта на 8-те наши колеги кои храбро загинаа при извршувањето на нивните професионални задачи во одбрана на Татковината и нашиот народ. Вие и 37-те повредени наши колеги полицајци на најпрофесионален и најдостоинствен начин покажавте како се брани својата земја и како сите полициски задачи се извршуваат до крај. Искрено сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо и целосно закрепнување на нашите ранети и повредени колеги.
Вечна Ви слава, ИПА Македонија никогаш нема да ве заборави!
Пристигнуваат писма со искрено сочувство и поддршка од сите ИПА секции во светот како и од претседателот и извршниот одбор на светската ИПА oрганизација. Дел од писмата ги објавуваме и споделуваме со ВАС.

IPA President
IPA Germanijaresearch paper helpbuy essay fast online

mgzname

Соработката со ИПА Германија се продлабочува

Повеќегодишната успешна соработка со ИПА Германија се продлабочува. Во периодот од 13-22.06.2015 година, четири члена делегација на регионот ИПА Скопје предводена од председателот г-дин Владо Мирчевски ќе направи возвратна посета на регионите ИПА Хале и ИПА Штудгарт. Целта на посетата е потпишување на акт за збратимување на регионите ИПА Скопје и ИПА Хале, а потоа заеднички членови од овие региони ќе се приклучат на традиционалниот ИПА марш од 18-22.06.2015 во организација на ИПА Штудгарт. Честитки за досегашната наша успешна соработка и желба за уште поголема соработка и контакти.
google

Слика од блиску

Меѓусебна соработка помеѓу ИПА Македонија и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Со цел воспоставување на меѓусебна соработка помеѓу ИПА Македонија и Универзитетот Американ Колеџ Скопје, претседателот на ИПА Македонија – регион Скопје Владо Мирчевски, заедно со членот на управниот одбор на ИПА Македонија Тони Велковски и член на ИПА Македонија Мирјана Петрова Велковска, на покана на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, одржаа стручно предавање на тема „Увид и средства за истрага на местото на настанот“.
Continue reading

shkolo1

ИПА Едукација

Од страна на предавачите од ИПА Македонија, м-р Илчо Јовановски и Робертино Ацески, на најмладите од 5-то одделение од Основтото училиште Петар Поп Арсов, во Скопје, беше спроведено соодветноо предавање од наша страна на тема „Малолетничката деликвенција и дрогата“ кое предавање во текот на месец март присуствуваа и активно со повеќе прашања учествуваа ученици од повеќе одделенија од истото училиште.
Continue reading

IPA_Macedonia_Croatia_02 (1)

Посета на IPA-Хрватска и одлуката на PEB

Во периодот од 25.02.2014 до 01.03.2014 по покана на IPA Хрватска наша делегација од IPA Македонија предводена од Претседателот Љупчо Андоновски присуствуваше на дел од состанокот со PEB на интернационалната IPA, на кој состанок беше донесе одлука за полноправен прием на IPA Македонија во светската IPA, кој прием ќе биде изгласан и верификуван на годишната конференција на IPA која кон крајот на месец Септември ќе се одржи во PODZAM Германија. Ова е последната фаза од нашето полноправно примање во светската организација и резултат на нашите досегашни активности и резултати.
Деновите во Хрватска минаа во остварување на повеќе контакти, разговори и дружење и со поканетите членови на IPA секции од балканот, односно присутни беа делегации од IPA-Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија. Во прилог ви ги прикажуваме дел од фотографиите кои сведочат за атмосверата која владееше за време на состаноците.