РЕСТОРАН "ВОДЕНИЦА"

Италијанскиот ресторан Воденица-Мулино е сместен во центарот на Скопје во населбата Капиштец. Отворен е од 2003 година и со својата гала кујна е препознатливо место во Република Македонија за љубителите на гастрономијата.Во рамките на ресторанот има вински клуб, и национален подрум кои се одлично место за прослави и коктели, од секаков вид. Исто така има и конференциска сала со капацитет од 140 места.

Шеф на ресторанот е Cavaliere Стојан Филипоски. Тој работел 30 години во италијанскиот град Сенигалија пред да дојде во Скопје. Сега го води ресторанот Воденица- Мулино, основач е на Spizzicotto и на култното скопско бифе Рим-Париз

За ИПА членовите овозможен 10% попуст во ресторанот.